- Не би сакале да бидеме заедно во една заедница со земја што е во војна и претставува непосредна опасност за нас. Ако членка на Европската Унија е во војна, тоа би значело дека и Европската Унија е во војна, а не го сакаме тоа, истакна Орбан.
Запрашан дали неговиот став кон пристапувањето на Украина во ЕУ ќе се промени доколку биде прогласен прекин на огнот, Орбан одговори: Да, но нема прекин на огнот.
На прашањето дали очекува наскоро да биде постигнат трговски договор меѓу ЕУ и САД, Орбан изрази резерви кон капацитетите на европските преговарач.
- Проблемот е што од страна на САД за склучување на договорот имаме јак преговарач, а од наша страна, ЕУ е многу слаба, рече Орбан.