Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

22.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

МКС вчера издаде налози за апсење на Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант, и лидерот на Хамас, Ибрахим Ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.

Орбан, чија земја претседава со Европската Унија до крајот на годината, за државното радио изјави дека налогот за апсење на МКС е „погрешен“ и рече дека израелскиот лидер ќе може да води разговори во Унгарија „со адекватна безбедност“./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата