Орбан: Денеска ќе ги презентираме доказите за состојбата на „Дружба“, ќе ја прекинеме блокадата на Зеленски

2.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан: Денеска ќе ги презентираме доказите за состојбата на „Дружба“, ќе ја прекинеме блокадата на Зеленски

Во објава на Фејсбук, Орбан напиша дека пристигнале вредни информации.

Во друга објава, дадена за време на обиколката на рафинеријата на Дунав, тој рече дека унгарската Влада нема да дозволи цените на бензинот да пораснат на 1.000 форинти и дека ќе ја прекине блокадата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во видеото, претседателот и генерален директор на нафтената и гасна компанија МОЛ, Жолт Хернади, му го покажува на Орбан местото каде што нафтоводот „Дружба“ се спојува со рафинеријата.

„Моментално нема сурова нафта. Испораките преку нафтоводот беа прекинати 22 пати од почетокот на војната во Украина. Досега успеавме да ја решиме ситуацијата, но таа одеднаш се промени и не ја знаеме причината. Дури понудивме и техничка помош“, рече тој, пренесува МТИ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата