Со цел да привлечат нови жители и да го оживеат селото, локалните власти започнаа кампања насочена кон Американците.
На посебна веб-страница ги повикуваат луѓето од САД да ја искористат можноста за поволен живот во Италија.
- Уморни од глобалната политика? Барате поурамнотежен начин на живот и нови можности? Сардинија ве чека - стои во пораката, пренесува CNN.
Градоначалникот на општината Франческо Коломбу објаснува дека во оваа програма приоритет имаат Американците.
- Не можеме да исклучиме други, но обезбедивме побрза процедура за Американците. Тие се нашиот билет за заживување на селото - вели Колумбу.
Понудата вклучува три опции: бесплатно привремено сместување за дигитални номади, куќи за 1 евро кои бараат реновирање и реновирани куќи по цена до 100.000 евра.
Во минатиот век, населението на Ололаи се намалило од 2.250 на 1.150. Дигиталната номадска програма веќе привлече неколку Американци, но интересот се зголемил по последните избори во САД.
- Имаме над 38.000 барања од Америка. Ова е можност за сите кои сакаат мирен живот далеку од политички тензии – заклучува Колумбу.