ОН: Населението на Украина намалено за 10 милиони луѓе по инвазијата на Русија

22.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОН: Населението на Украина намалено за 10 милиони луѓе по инвазијата на Русија

- Намалувањето се должи на бегалскиот бран, падот на наталитетот и загинатите во војната, изјави Флоранс Бауер, регионална директорка за Источна Европа на Фондот за население на ОН.

Таа истакна дека уште пред инвазијата Украина се соочуваше со демографски предизвици, а војната ја влоши состојбата.

Во 1991 година, Украина имаше над 50 милиони жители, додека пред инвазијата во 2022 година бројот изнесуваше околу 40 милиони. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата