ОН: Либан би можело да ја доживее „катастрофалната спирала на насилство“ како Газа

8.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОН: Либан би можело да ја доживее „катастрофалната спирала на насилство“ како Газа

„Мораме да сториме сè за да го спречиме ова“, рече Метју Холингворт, директор на Светската програма за храна на ОН (WFP) во Либан, говорејќи од Бејрут преку видео врска до новинарите во Женева. Тој ги координираше операциите на WFP во Појасот Газа половина година, а потоа ја презеде канцеларијата во Либан.

Тој рече дека е загрижен дека ситуацијата во Газа нема да се отслика во Либан. „Не треба да дозволиме тоа да се случи“, рече Холингворт.

Џејмс Елдер, портпарол на УНИЦЕФ и Џереми Лоренс, портпарол на Високата комисија за човекови права на ОН, исто така предупредија на опасноста од повторување на истото сценарио во Либан како и во Газа, велејќи дека „уништувањето на кое сведочат луѓето од Либан е незамисливо“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ), до неодамна главно преокупирани со војната во Газа започната по масакрот на исламистичкиот Хамас на 7 октомври во јужен Израел, сега го насочија својот фокус кон борбата против Хезболах, проиранската шиитска милиција.

Лани на 8 октомври Хезболах му се придружи на Хамас во нападот врз Израел и во последната година истрела околу 10.000 проектили врз еврејската држава од јужен Либан. Околу 80.000 луѓе мораа да го напуштат северот на Израел. ИДФ сѐ повеќе ги бомбардира позициите на Хезболах во јужен Либан и испрати копнени трупи во пограничната област.

Според либански извори, во нападите на југот на земјата и јужните предградија на Бејрут во последните две недели загинале 1.100 луѓе, а околу милион ја напуштиле областа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата