Војната на Блискиот Исток практично го затвори Ормускиот теснец, додека прекините во снабдувањето со гориво ги зголемуваат цените на товарниот транспорт.
Флечер предупреди дека ескалацијата на војната и влијанието врз теснецот имаат „директно влијание врз хуманитарните материјали на ОН, вклучително и оние што одат кон областите на кои им се неопходни во потсахарска Африка“.
- Загрижен сум дека понатамошната ескалација ќе оштети и други рути за снабдување – им рече тој на новинарите во Женева, предупредувајќи дека ова се случува додека војната „ги зголемува цените и … принудува повеќе луѓе да имаат поголеми потреби“.
- Затоа апелираме до сите страни да се обидат да ги обезбедат тие рути, вклучително и Ормускиот Теснец за нашиот хуманитарен сообраќај … за да можеме да стигнеме до секого, секаде, врз основа на најголема потреба, а не врз основа на политика – нагласи Флечер.
- Моментално живееме низ момент на сериозна опасност. Гледаме како овие кризи брзо ескалираат и сè повеќе се судираат на опасни начини – рече тој, повикувајќи да „преовладаат поприбрани глави“.
Последните две недели борби се дополнителна потврда дека „живееме во време на бруталност, неказнивост и рамнодушност“, нагласи Флечер, предупредувајќи дека „скелето засновано на правила, наменето да ги ограничи најлошите ексцеси на војната, почнува да пука“.

