Ограбен е пријател на Трамп: Од станот во Париз му украле предмети вредни над милион евра

30.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ограбен е пријател на Трамп: Од станот во Париз му украле предмети вредни над милион евра

Полицијата соопшти дека жртвата е Бернардо Гомез Мартинез, а дека сторителите на грабежот се уште се во бегство, пренесува весникот Фигаро.

Грабежот се случил ноќта меѓу понеделникот и вторникот, во 7-миот арондисман во Париз, а според сведочењето на неименуван извор од париската полиција, Бернардо Гомез Мартинез бил „близок“ со Доналд Трамп и не бил во неговиот стан во времето на кривичното дело.

Сторителите украле накит, седум луксузни рачни часовници, скапи предмети, кожна гардероба и 20.000 евра во кеш, а вкупната штета се проценува на повеќе од еден милион евра.

Овој грабеж се случил во дуплекс стан од 550 квадратни метри на булеварот Распај во 7-миот арондисман, во близина на населбата Сен Жермен-де-Пре.

Полициски извор за парискиот дневен весник потврдил дека собарката ги известила властите дека имало кражба во летната резиденција на нејзиниот работодавач.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата