Огнена линија долж авенија на еден од најголемите градови во светот ги преплаши граѓаните (ВИДЕО)

4.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Огнена линија долж авенија на еден од најголемите градови во светот ги преплаши граѓаните (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во 13:41 часот, недалеку од влезот на станбената заедница Вуји Синцун, каде што се запалил камион. Пожарникарите го изгаснале пожарот до 13:54 часот, а за среќа, нема повредени, според News GD.

Сепак, она што ги шокирало жителите е фактот дека пожарот се проширил низ целата авенија, а тоа се случило затоа што камионот носел 2.400 литри течен парафин.

Ова довело до „течен пожар“, пожар во кој запаливите течности се шират и слободно течат по земјата додека продолжуваат да горат.

Вообичаени супстанции што можат да предизвикаат вакви пожари вклучуваат бензин и одредени течни хемиски запаливи материјали.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата