Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен, додека сè уште не се знае дали ќе се одржи трилатерална средба меѓу Путин, Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп.
„Постигнат е договор. Нашиот лидер ќе се сретне со кинескиот претседател, тоа е сигурно. Сепак, сè уште е тешко да се каже кој термин или датум во рамките на самитот ќе биде избран за таа средба“, изјави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, пренесе „Спутник“.
Истовремено, Ушаков нагласи дека сè уште не е започната конкретна работа на евентуална средба меѓу Путин, Трамп и Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК.
Одржувањето на трилатералната средба на лидерите на Русија, САД и Кина ќе зависи, меѓу другото, од учеството на Трамп на настаните во Кина, објасни Ушаков.
„Но, домаќинот на самитот, кинескиот претседател, секако ќе ја иницира таа средба“, рече Ушаков. Самитот на АПЕК ќе се одржи на 18 и 19 ноември во кинескиот град Шенџен.
„Бидејќи Кина е домаќин на самитот на АПЕК, претпоставувам дека нашите кинески пријатели најпрво ќе испратат нацрт-програма за самитот до сите учесници. Таа програма очигледно ќе вклучува посебни термини за билатерални, а можеби и за трилатерални средби. Ако Трамп го потврди своето учество – а не мислам дека тоа е веќе стопроцентно потврдено – од тоа ќе зависи можноста за одржување трилатерална средба. Сепак, иницијативата за тоа, се разбира, ќе потекне од домаќинот на самитот, кинескиот претседател“, изјави Ушаков.
Самитот на АПЕК ќе се одржи на 18 и 19 ноември во кинескиот град Шенџен.

