Во неделата вечерта американските нуркачи, кои беа пренесени со хеликоптер од Шпанија, успеаја да го закачат првиот челичен кабел на 70-тонскиот тенк. Ноќе, во целосен мрак без видливост, елитните нуркачи прикачиле и втор кабел кој итно бил потребен за извлекување на возилото. Ова им овозможи на специјалците од армиите на САД, Литванија и Полска да го извлечат оклопното возило од мочуриштето.
Непозната судбината на војниците
Војската се уште не објавила информации за судбината на четворицата американски војници кои се удавија во возилото во калта. Сепак, се верува дека сите членови на екипажот се мртви - иако никој сè уште не сакал да го потврди ова.
Американската војска засега го чува нивниот идентитет во тајност, пишува Билд.
Прашањето кое останува „отворено“ е зошто во мочуриштето на прво место влегло возило тешко 70 тони? Дали војниците можеле да повикаат помош? Дали ГПС системот бил неисправен? Можело ли воопшто да биде хакиран? Оваа гласина почна да се шири околу воениот полигон, според еден војник.
Литванското Министерство за одбрана соопшти дека воената полиција и истражителите од Соединетите држави го пребаруваат местото на несреќата за траги кои би можеле да ја објаснат причината за катастрофата.