Обвинителството на Истанбул бара затворска казна за Имамоглу поради наводно фалсификување на факултетската диплома

4.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обвинителството на Истанбул бара затворска казна за Имамоглу поради наводно фалсификување на факултетската диплома

Истрагата е завршена и барањето е евидентирано во обвинителниот акт. Според документот, обвинителството побарало од две години и шест месеци до осум години и девет месеци затвор за фалсификување службен документ. Обвинението веќе е поднесено до Кривичниот суд.

Истанбулскиот универзитет ја поништи дипломата на Екрем Имамоглу на 18 март 2025 година. Дипломата е поништена бидејќи Имамоглу се префрлил од Истанбулскиот универзитет на Универзитет во Северен Кипар без согласност со одлуките на Советот за високо образование при Деканатот на Факултетот за бизнис администрација на Истанбулскиот универзитет.

Имамоглу е приведен на 19 март под обвинение за корупција и поддршка на терористичка организација предизвика масовни протести ширум Турција, најголеми во изминатите 10 години. Тој беше приведен откако Универзитетот во Истанбул објави дека ја поништува неговата диплома поради наводни неправилности. Поништувањето на дипломата се случи неколку дена пред опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) да го избере Имамоглу за свој кандидат на следните претседателски избори. Според турските закони кандидатите за претседател мора да имаат факултетска диплома. Имамоглу важи за еден од најголемите политички ривали на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган. Следните претседателски избори се планирани за 2028 година.

Доколку Имамоглу биде осуден по кое било од обвиненијата, нема да му биде дозволено учество во политиката.

Ердоган, кој последен пат победи на изборите во 2023 година, нема законска можност повторно да се кандидира за претседател, освен во случај на предвремени избори и да добие поддршка од три петтини од Парламентот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата