Објавена е листа на најризичните држави и градови за 2025 година, на неа и држава од регионот

11.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавена е листа на најризичните држави и градови за 2025 година, на неа и држава од регионот

На врвот на листата се земјите погодени од граѓански војни, како Буркина Фасо и Централноафриканската Република, објави Еуроуикли Њуз.

При креирањето на мапата се земаат предвид ризиците од појава на насилство, социјални немири, насилни и помали злосторства, како и климатските промени.

Либан и Израел во моментов се меѓу најризичните земји, иако овие земји неодамна потпишаа договор за прекин на огнот.

Создадена од Safeture и Riskline, „Risk Map 2025“ опфаќа 77 земји, вклучувајќи ги Израел, Западниот Брег, Газа, Либан и Иран. Во овие земји безбедносната состојба се влошила во однос на претходната година.

И Сирија останува на листата на најмалку безбедни земји, а во наредниот период особено треба да се избегнува патување во оваа земја, поради немирите кои избија откако бунтовниците го соборија диктаторот Башар ал Асад.

Трите најопасни градови за патниците се Банги во Централноафриканската Република, Бејрут во Либан и Газа во Појасот Газа.

Иако Европа историски се смета за стабилен регион, мапата покажува дека ризиците во овој дел од светот сега се зголемуваат. Обединетото Кралство, Франција, Шпанија и Шведска се преместени во категоријата „среден ризик“, додека Италија, Холандија и Полска исто така забележале зголемување на ризикот.

Сите земји се рангирани во пет групи во однос на нивото на ризик: низок, умерен, среден, висок и исклучително висок.

Земји кои станаа побезбедни и преминаа од повисоко ниво на ризик во категоријата „умерен“ во последната година се Ерменија, Аргентина, Босна и Херцеговина, Кина, Мароко и Куба.

Земјите кои се сметаат за „низок ризик“ за патување се Германија, Швајцарија, Луксембург, Белгија, Финска, Исланд и Норвешка, како и Австралија, Нов Зеланд, Сингапур и Јапонија.

Најбезбедни градови се Берн во Швајцарија, кој е на прво место, потоа Доха во Катар, Мелбурн во Австралија, Монтреал во Канада, Мускат во Оман и Отава во Канада.

Една земја која претходно била во категоријата со најнизок ризик, но преминала во „среден ризик“, е популарната дестинација за меден месец - Малдивите. Оваа промена се објаснува со зголемувањето на политичката нестабилност, растот на социјалните тензии, верскиот екстремизам и последиците од климатските промени, како што се поплавите и ерозијата на крајбрежјето.

Safeture и Riskline, кои детално ги анализираат глобалните ризици за патување, ја земале предвид и медицинската нега при проценката на ризикот за патниците.

Утврдено е дека здравствената инфраструктура е особено лоша во Авганистан, Бангладеш, Камерун, Централноафриканската Република, Хаити, Мјанмар, Јужен Судан, Венецуела и Јемен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата