Обезглавено женско тело предизвика паника на плажа (ФОТО)

1.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обезглавено женско тело предизвика паника на плажа (ФОТО)

Било подигнато предупредување и патроли пристигнале на популарната плажа Тапуа, јужно од Њу Плимут. Таму ја нашле исплашената Алис Каудри, локален уметник, која ги контактирала.

„Го шетав моето куче и видов ужасна сцена. Се замрзнав, ми се слоши. Јасно видов женска фигура“, објаснила таа.

Кога се приближила и сфатила дека нема глава, се шокирала, пренесува News.com.au.

Органите на редот побрзале на локацијата и ја решиле мистеријата за 10 секунди. Се покажало дека е многу добро направена секс кукла, оставена во песокот.

На сите им олеснало, особено на исплашената жена.

„Имаше нокти на рацете и нејзините прсти беа неверојатно реални. Навистина изгледаше како жена“, изјавила Алис за медиумите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата