Нови документи за случајот Епштајн: Како бил поставен Манделсон за британски амбасадор во САД

1.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нови документи за случајот Епштајн: Како бил поставен Манделсон за британски амбасадор во САД

Британската влада објави втора серија документи за назначувањето на поранешниот пратеник Питер Манделсон за амбасадор во Вашингтон, откако неговата кандидатура покрена прашања за проценката на британскиот премиер Кир Стармер за врските на Манделсон со осудениот милијардер педофил Џефри Епштајн.

Се очекува новите документи да вклучуваат преписка меѓу Манделсон и министри и пратеници, објави Би-Би-Си.

Првата серија документи, објавени во март, покажа дека Стармер бил предупреден за ризиците поврзани со назначувањето, вклучувајќи ги врските на Манделсон со Епштајн, претходните оставки од министерствата и неговиот притисок за поблиски врски со Кина.

Манделсон моментално е под полициска истрага за наводно доставување доверливи владини документи до Епштајн, но не се соочува со никакви обвиненија за сексуален прекршок.

Случајот Манделсон дополнително ја ослабна политичката позиција на Стармер, а минатиот месец тој се соочи со нов притисок откако десетици пратеници од Лабуристичката партија го повикаа премиерот да поднесе оставка по лошите резултати на локалните избори.

Питер Манделсон е поранешен британски бизнис секретар, поранешен секретар за Северна Ирска и поранешен европски комесар за трговија, и се сметаше за една од најистакнатите личности во британската Лабуристичка партија.

Стармер претходно изјави дека „погрешил“ со тоа што го назначил за амбасадор, но нагласи дека е почитувана целата законска постапка.

Стармер, исто така, ги критикуваше државните службеници затоа што не го информирале дека надлежното тело за безбедност советувало против назначувањето на Манделсон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата