Нов црн биланс од земјотресот во Мјанмар: Бројот на загинати надмина 1.700

31.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов црн биланс од земјотресот во Мјанмар: Бројот на загинати надмина 1.700

Во шест региони на Мјанмар е прогласена вонредна состојба по разорниот земјотрес. Досегашниот биланс од катастрофалниот земјотрес што ги погоди Мјанмар и Тајланд во петокот е повеќе од 1.700 мртви, 3.400 повредени и повеќе од 300 исчезнати,  странските спасувачки тимови се обидуваат да помогнат  во оваса сиромашна земја, каде болниците се преполни. Во шест региони на Мјанмар е прогласена вонредна состојба по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала. Во исто време, спасувачките тимови во главниот град на Тајланд, Бангкок, продолжуваат со потрага по луѓе кои се уште се водат како исчезнати во урнатините на урнатата кула од 30 ката, јавува Франс 24.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата