Нов напад врз брод во Оманскиот Залив

19.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов напад врз брод во Оманскиот Залив

Бродот бил погоден кога се наоѓал на околу 11 наутички милји (20 километри) источно од Кор Факан во Обединетите Арапски Емирати, во близина на јужниот влез на Ормускиот Теснец, наведува агенцијата. Ударот предизвикал пожар на бродот, се додава во соопштението.

Досега не се познати повеќе детали за инцидентот, пренесува ДПА.

Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари, бродовите во Ормускиот Теснец и Оманскиот Залив постојано се цел на проектили.

Заканата од иранските ракети и беспилотни летала речиси целосно го запре комерцијалниот бродски сообраќај во регионот од почетокот на најновите судири.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата