Нетанјаху свика безбедносен состанок за договорот за заложници

18.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху свика безбедносен состанок за договорот за заложници

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху подоцна денеска ќе свика специјален безбедносен состанок на кој ќе учествуваат владини министри и безбедносни претставници во воениот штаб Кирја во Тел Авив, по убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар, јавуваат израелските медиуми.

На средбата ќе се разговара за можноста за напредок во преговорите за договорот за заложници, наведуваат медиумите.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера официјално објавија дека Синвар, кој се смета за организатор на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, бил убиен од израелската армија во Појасот Газа./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата