Нетанјаху: Разговорите со Трамп се фокусираа на ослободувањето на заложниците што ги држи Хамас

9.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху: Разговорите со Трамп се фокусираа на ослободувањето на заложниците што ги држи Хамас

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговите разговори со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон оваа недела биле фокусирани на ослободувањето на заложниците држени од радикалната палестинска група Хамас во Појасот Газа.

Нетанјаху додаде дека со Трамп разговарале и за последиците и можностите од „големата победа над Иран“.

Ова беше третото патување на Нетанјаху во САД откако Трамп се врати во Белата куќа на 20 јануари 2025 година за вториот мандат. Трамп организираше вечера во чест на Нетанјаху во понеделникот, а тие имаа уште една средба и вчера.

Хамас изврши изненадувачки напад на израелска територија на 7 октомври 2023 година, со што започна војната во Газа, која трае и денес. Според израелските податоци, во нападот биле убиени околу 1.200 луѓе, а 251 биле земени како заложници. Според здравственото министерство на Хамас, во израелската офанзива во Газа загинале над 57.000 Палестинци. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата