Нетанјаху по ослободувањето на заложниците: Со офанзива ќе ослободиме уште луѓе

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху по ослободувањето на заложниците: Со офанзива ќе ослободиме уште луѓе

Нетанјаху ова го изјави откако израелските специјални сили ослободија двајца заложници за време на операција во градот Рафа, јужно од Појасот Газа.

Нетанјаху го поздрави ослободувањето на заложниците Фернандо Симон Марман (61) и Норберт Луис Хара (70).

„Фернандо и Луис, добредојдовте дома. Им честитам на нашите храбри борци за храбрата акција што доведе до нивно ослободување. Само континуираниот воен притисок може да доведе до ослободување на сите наши заложници“, напиша Нетанјаху на платформата X.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата