Нетанјаху откри до кога ќе трае војната со Иран: Имаме три цели, ќе го смениме Блискиот Исток

19.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху откри до кога ќе трае војната со Иран: Имаме три цели, ќе го смениме Блискиот Исток

Нетанјаху го започна своето обраќање со порака до израелските граѓани, изразувајќи гордост за нивната упорност и храброст.

„Свесен сум дека престојот во безбедни соби и засолништа е тежок, но целиот свет разбира дека ние сме нација на лавови“, рече тој.

Според него, Израел се стреми кон три клучни цели во своите операции. Тоа се целосно уништување на нуклеарната програма на Иран, целосно елиминирање на неговата програма за балистички ракети и создавање услови што ќе им овозможат на самите Иранци да ја земат својата судбина во свои раце.

„Ја уништивме нивната способност за збогатување ураниум, исто како и нивната способност за производство на балистички ракети“, продолжи израелскиот премиер.

Тој нагласи дека тие ги уништиле иранските капацитети „до тој степен што не можат да го постигнат она што го планирале“.

Нетанјаху тврди дека Иран сакал да сруши илјадници згради во Израел, но наместо тоа тие паѓаат низ целиот Либан и Иран.

„Ќе го промениме Блискиот Исток, ви ветувам тоа. Иран е послаб од кога било досега, а Израел е посилен“, додаде тој.

Нетанјаху рече дека војната ќе трае „колку што е потребно“.

„Сè уште има работа што треба да се направи и ние ќе ја направиме. Ги доведовме нашите пријатели од САД во соработка каква што никогаш не е видена во историјата. Одличната соработка меѓу мене и мојот добар пријател Трамп е без преседан“, рече тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата