Нетанјаху ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Трамп

28.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател  Трамп

„Претседателот Трамп ги заврши средбите во Овалната соба со претседателот (на Украина, Володимир) Зеленски и со премиерот (на Израел, Бенјамин) Нетанјаху. Двете средби беа позитивни и продуктивни“, напиша портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, на платформата „Икс“ (X) по одвоените средби на Трамп со Нетанјаху и Зеленски, пренесува Си-ен-ен (CNN).

Израелски функционер запознаен со средбата меѓу Нетанјаху и Трамп ги потврди оценките на Белата куќа, наведувајќи дека „средбата беше многу позитивна и се одржа во добра атмосфера, во присуство на високи претставници на администрацијата“.

Тој додаде дека лидерите ја потврдиле својата заедничка цел – „на Иран во никој случај да не му се дозволи да поседува нуклеарно оружје“. Двајцата лидери разговараа и за партнерството меѓу Израел и Соединетите Американски Држави, кое е „посилно од кога било“, како и за разни можности на Блискиот Исток. Двете средби се одржаа без присуство на медиумите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата