Нетанјаху бара од својот син да ја одложи свадбата поради безбедносен ризик

30.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху бара од својот син да ја одложи свадбата поради безбедносен ризик

Причината за ова барање е зголемениот безбедносен ризик, особено поради потенцијална закана од дронови, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Оваа мерка е побарана откако дрон на „Хезболах“ погоди прозорец од приватната резиденција на Нетанјаху во почетокот на овој месец, предизвикувајќи материјална штета.

Извори блиски до премиерот соопштија дека Нетанјаху рекол дека одржувањето на свадбата може да претставува ризик за присутните. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата