Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај

Јордан ги продолжи операциите на цивилното воздухопловство во 7:30 часот наутро по локално време, според државната новинска агенција Петра.

Либан, исто така, го отвори воздушниот простор за цивилни летови, а Сирија  најави дека ќе го направи тоа во текот на денов.

Во меѓувреме, Ирак ја продолжи суспензијата на цивилните летови до раните вечерни часови.

Ограничувањата на цивилниот воздушен сообраќај следуваа по ескалацијата на непријателствата, предизвикани од израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки. Како одговор, Иран лансираше серија балистички ракети и напади со беспилотни летала врз Израел.

И покрај растечкиот меѓународен притисок за деескалација, засега ниту Израел ниту Иран не покажуваат знаци за смирување на конфликтот  подготвена да се повлече од конфликтот додека тој влегува во својот втор ден.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата