Неисправна опрема најверојатно е причина за страотниот пожар во кој се повредени две лица, објави Би-Би-Си.
Видеата и сликите објавени на социјалните мрежи покажаа пламен и чад од BAE Systems во пристанишниот град Бероу-ин-Фурнес.
Пожарот избувнал ноќеска, половина час по полноќ. Полицијата соопшти дека луѓето се евакуирани и дека нема нуклеарен ризик.
Полицијата во Камбрија, исто така, ги советуваше луѓето што живеат во близина „да останат во затворени простории и да не ги отвораат вратите и прозорците додека службите за итни случаи реагираат на инцидентот“.
Британската мултинационална одбранбена, безбедносна и воздушна компанија BAE Systems е еден од најголемите светски одбранбени изведувачи. Таа произведува огромен опсег на воен хардвер и технологија - вклучувајќи нуклеарни подморници, борбени авиони, тенкови и бродови, како и оружје и муниција.
Исто така, произведува фрегати од типот 26 за Кралската морнарица и прави системи за електронско војување за борбени авиони Ф-35. Нуклеарните подморници Astute и Dreadnought за морнарицата се конструираат на локацијата Бароу-ин-Фернес. Во април беше покрената истрага по експлозијата во фабрика во Јужен Велс, исто така во сопственост на BAE Systems.