НАТО жестоко го осуди лансирањето ракета од Иран кон турскиот воздушен простор

4.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАТО жестоко го осуди лансирањето ракета од Иран кон турскиот воздушен простор

НАТО цврсто стои зад сите сојузници, вклучително и Турција, додека Иран продолжува со своите неселективни напади во регионот. Нашата позиција на сите фронтови поврзани со одбраната и одвраќањето останува цврста, вклучително и во случаите, кога станува збор за противвоздушна и ракетна одбрана“, рече Харт.

Претходно денеска турското Министерство за одбрана соопшти за пресретнувањето балистичка ракета, посочувајќи дека нема жртви или повредени и потсети дека Турција „има право да реагира на секој непријателски став насочен кон земјата“.

Од соопштението на турското Министерство за одбрана не беше јасно дали иранската ракета била намерно лансирана кон Турција.

Според дипломатски извори цитирани од ТРТ Хабер, по инцидентот турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, телефонски разговарал со својот ирански колега, Абас Арагчи. Според цитираните извори, за време на разговорот, Фидан посветил посебно внимание на зголемувањето на тензиите во регионот и нагласил дека е неопходно да се избегнуваат какви било чекори што би можеле да доведат до проширување на конфликтот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата