НАТО подготвува временска капсула по повод својот 75 роденден

3.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАТО подготвува временска капсула по повод својот 75 роденден

Содржините во капсулата ќе се состојат од пишани пораки, уметнички дела, фотографии и видео записи, кои ќе бидат дигитално запечатени и зачувани за идните генерации. 

Предвидено е капсулата да биде отклучена по повод 150-годишнината од формирањето на Алијансата во 2099 година. 

Заинтересираните за зачувување на сојузничкото наследството можат да се придружат на проектот со свој придонес за тоа како ја замислуваат иднината на НАТО, каде очекуваат да се движи Алијансата до 2099 година, кои се нивните надежи, грижи и предвидувања во врска со иднината на Пактот, како и евентуални спомени од Организацијата што би сакале да ги зачуваат во следните 75 години. 

Крајниот рок за поднесување на придонес во дигиталната временска капсула е до 31 август 2024 година во 23:59 според средноевропско време. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата