НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан

9.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан

„Го поздравуваме напредокот кон мир меѓу Ерменија и Азербејџан и му се заблагодаруваме на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата инвестиција во мирот. Ова е значаен чекор напред“, изјави портпаролката на НАТО, Алисон Харт, на X.

Мировниот договор го потпишаа претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, со што се стави крај на етничкиот конфликт во кој двете земји се наоѓаа од 1990-тите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата