НАТО го избира шведскиот Сааб пред американскиот Боинг за набавка на авиони

7.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАТО го избира шведскиот Сааб пред американскиот Боинг за набавка на авиони

НАТО денес објави план вреден околу 4,5 милијарди долари за купување до 10 авиони за надзор „Saab GlobalEye“ за да ги замени своите застарени авиони за рано предупредување „AWACS“, давајќи му на шведскиот систем шанса пред конкурентското решение од американскиот производител на авиони „Boeing“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека замената на авионите од Системот за воздушно предупредување и контрола (AWACS) од времето на Студената војна ќе „обезбеди дека... можностите за надзор и рано предупредување на НАТО ќе останат силни веродостојни и во наредните децении“, рече тој за време на настан на самитот на НАТО.

Притисок врз сојузниците

Руте се трудеше да го нагласи меѓународниот карактер на системот, кој е монтиран на авионите „Bombardier Global 6500“, додека американскиот претседател Доналд Трамп ги притиска сојузниците да трошат повеќе за одбрана и да купат повеќе американска опрема.

„Како и неговиот претходник, „GlobalEye“ е трансатлантска програма водена од европската и канадската индустрија со значителен придонес од американската индустрија. Тоа е вистинска приказна за успех, повторно, постигната во рамките на НАТО“, им рече тој на претставниците на алијансата.

Испорака 2030 година

„GlobalEye“ е конкурент на „E-7 Wedgetail“ на „Boeing“, авион за рано предупредување и команда и контрола базиран на авионот „737“. Извршниот директор на „Saab“, Микаел Јохансон, ја процени набавката на до 4,5 милијарди долари и им рече на новинарите дека шведската компанија би можела да започне со испораките во 2030 година доколку наскоро се потпише договор.

Тој додаде дека конечната цена не е договорена, но дека може да биде помеѓу 400 и 450 милиони долари по авион. Конечниот број на авиони сè уште не е познат бидејќи се водат дискусии околу тоа дали да се нарача поскапа верзија способна за полнење гориво од воздух. Сегашната флота на „AWACS“ може да се полнат со гориво во лет, што се покажа како вредно за мисиите во близина на Украина.

Извор: Индекс.хр

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата