Наставничка се заклучила, родителите во шок- детали за масакрот во училиште во Грац

10.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наставничка се заклучила, родителите во шок- детали за масакрот во училиште во Грац

Според полицијата, операцијата започнала околу 10 часот наутро откако во училиштето се слушнале истрели. Веднаш е подигната тревога, а на местото на настанот се наоѓаат и членови на единицата Кобра. Училишната зграда моментално внимателно се пребарува, а јавноста е повикана да го избегнува тој дел од градот.

Сопругот на наставничката која се заклучила во училница со своите ученици изјавил дека слушнал неколку истрели.

Голем број родители се собрале пред училиштето и чекаат вести за своите деца. Според Кронен, родителите на децата кои успеале да избегаат од училиштето сега се со своите деца.

Повредените се префрлаат во блиската болница.

Според австриските медиуми, напаѓачот наводно се заклучил во тоалет и извршил самоубиство. Полицијата сè уште не потврдила дали напаѓачот е мртов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата