Напад во фабрика во Јапонија: Влетал со гас- маска и почнал да ги напаѓа луѓето со нож и да ги прска со спреј

26.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Напад во фабрика во Јапонија: Влетал со гас- маска и почнал да ги напаѓа луѓето со нож и да ги прска со спреј

„Четиринаесет лица биле згрижени од службите за итни случаи“, изјави Томохару Сугијама, официјален претставник на противпожарната служба во градот Мишима, префектурата Шизуока во Јапонија.

Тој рече дека бил примен повик околу 16:30 часот по локално време од блиската фабрика за гуми во кој се вели дека „едно лице избодело пет или шест лица“ и дека била употребена „течност во форма на спреј“.

Јапонските медиуми, вклучувајќи го и јавниот радиодифузен сервис НХК, објавија дека полицијата уапсила маж под сомнение за обид за убиство.

Дневниот весник Асахи, повикувајќи се на истражни извори, објави дека мажот бил во своите 30-ти години и имал врски со фабриката. Носел нешто што изгледало како гас-маска, соопштија Асахи и други медиуми.

Асахи, исто така, рече дека бил вооружен со она што го опишаа како нож за преживување. НХК соопшти дека мажот ѝ рекол на полицијата дека има 38 години.

Тежината на неговите повреди не беше веднаш позната, иако NHK соопшти дека сите жртви останале свесни.

Сугијама рече дека најмалку шест од 14-те повредени биле однесени во болница. Точната природа на нивните повреди исто така не е јасна.

Фабриката Мишима ја води компанијата за гуми „Јокохама“, чие работење, според нејзината корпоративна веб-страница, вклучува производство на гуми за камиони и автобуси.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата