Дронот таргетирал возило што превезувало раселени семејства во близина на градот Рахад во покраината Северен Кордофан, при што загинале осум деца, соопшти Мрежата на судански лекари.
Групата лекари ја повика меѓународната заедница и организациите за човекови права да „преземат итни мерки за заштита на цивилите и да го сметаат раководството на РСФ директно одговорно за овие злосторства“.
РСФ досега не дале коментар. Групата е во војна со суданската армија околу три години.

