Во несреќата се повредени уште девет лица, од кои четири се во критична состојба, објави Сан.
Туристичката подморница „Синбад“ со 44 патници потона денеска откако испловила од Хургада.
Спасувачите успеале да спасат 29 лица од водата, јавија египетските медиуми.
Управата за безбедност на Црвеното Море добила дојава за потонување на туристичка подморница, што се случило пред пристаништето на „познат хотел“ чие име се уште не се споменува во локалните медиуми.
На местото на несреќата се испратени 21 возило на брза помош кои повредените, кои се во тешка состојба, ги префрлиле во локалните болници.
Според пишувањата на медиумите, потонатата подморница веќе неколку години спроведува туристички патувања во Хургада.