Најмалку петмина загинати во две експлозии во Иран, Израел негира вмешаност (ВИДЕО)

31.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку петмина загинати во две експлозии во Иран, Израел негира вмешаност (ВИДЕО)

Режимот во Иран ги негираше извештаите дека цел на нападот бил воен командант. Инцидентите се случуваат во услови на зголемени тензии во регионот, објави Скај Њуз.

Една експлозија се случи во јужното иранско пристаниште Бандар Абас, каде што локалните медиуми објавија дека едно лице загинало, а 14 други се повредени. Втората експлозија, која се случи во Ахваз, град оддалечен повеќе од 1.000 километри, уби четири лица, потврдија локалните власти.

Иранските власти потврдија дека експлозијата во Ахваз е предизвикана од истекување на гас.

Се појавија нови снимки, кои ги покажуваат последиците од експлозијата

Нови снимки од последиците од експлозијата во пристанишниот град Бандар Абас се шират на социјалните мрежи.

Смртоносната експлозија во Ахваз е предизвикана од истекување на гас, додека причината за другата експлозија сè уште е непозната, јавува Anadolu Agency (AA).

Новинската агенција „Мехр“, повикувајќи се на противпожарните и безбедносните служби на општината Ахваз, објави дека експлозијата се случила во комплекс со четири станови во населбата Кианшахр. Во експлозијата загинале четири лица. Официјален претставник потврди дека несреќата е предизвикана од истекување во гасоводната мрежа на градот.

Во одделен инцидент, новинската агенција „Фарс“ објави дека непозната супстанца експлодирала во осумкатна зграда во јужниот ирански град Бандар Абас. Зградата се наоѓа во уличка покрај булеварот Моалем. Според првичните информации, во експлозијата загинало едно лице, а се повредени десетина. Повеќе од десетина возила паркирани во близина на зградата, исто така, биле оштетени.

Израел негира вмешаност во експлозиите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата