Најмалку петмина загинати при пад на мексикански воен авион

23.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку петмина загинати при пад на мексикански воен авион

Авионот кој бил во медицинска мисија се урна во близина на Галвестон во американската сојузна држава Тексас.

Во авионот имало осум лица, од кои двајца преживеаја. Четворица биле дел од екипажот, а другите цивили. Помеѓу загинатите е и двогодишно дете.

Авионот бил на мисија за мексиканска фондација, која помага во лекување на децата со изгореници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата