Најмалку еден загинат и 23 повредени во синоќешните руски напади врз Киев и Харков

24.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку еден загинат и 23 повредени во синоќешните руски напади врз Киев и Харков

 Најмалку едно лице загина, а 23 се повредени во синоќешните руски воздушни напади врз Киев и Харков, додека руски, украински и американски претставници денеска ги продолжија преговорите во Абу Даби за условите за завршување на речиси четиригодишната војна на Москва во Украина, објавија светските агенции.

Една жена загина, а четири други лица се повредени во руските напади со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, изјави шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко.

Жена загина во рускиот напад во текот на ноќта врз фабрика за кондиторски производи во округот Холосиевски во Киев. Оштетена е и приватна станбена зграда“, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина на својата Фејсбук платформа, како што цитираше Укринформ. 

Во округот Днепровски во Киев, пожарникарите изгаснаа пожар на јавен паркинг. На други места, се запали цистерна со бензин, при што истече гориво. Пожарот е локализиран, но најмалку едно лице е повредено.

Во округот Дарницки во украинскиот главен град, ненаселена повеќекатна станбена зграда беше оштетена и запалена за време на масовниот руски напад. Пожарот е изгаснат. Во округот Соломенски во Киев, оштетена е деловна зграда.

Киевската полиција додаде дека голем број станбени згради, возила, простории на библиотека, трговски центар, гаражни задруги, ограда на надземниот дел од Зелената линија на метрото и неколку производствени капацитети на фабрика за кондиторски производи се оштетени како резултат на руските напади.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата