Најмалку еден ученик загина при уривање на училиште во Индонезија

30.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку еден ученик загина при уривање на училиште во Индонезија

Најмалку 99 ученици се повредени откако вчера се урна училишната зграда на Исламскиот интернат Ал Козини.

Спасувачите денеска, 12 часа по несреќата, интензивно работат на извлекување на децата од под урнатините.

Се претпоставува дека бројот на загинати би можел да се зголеми, со оглед на тоа што некои повредени ученици се во тешка здравствена состојба.

Според портпаролот на полицијата, зградата се урнала додека учениците биле на попладневна молитва. Тој истакна дека зградата се урнала поради неовластено проширување и оти попуштиле темелите под двата ката бетон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата