Министерството за внатрешни работи соопшти дека бомбаш самоубиец поврзан со терористичката група Исламска држава влегол во црквата „Свети Илија“ и отворил оган, а потоа го активирал својот експлозив.
Медицински извори изјавија за ДПА дека во нападот загинале 15, а повредени се 25.
Сведоци рекоа дека амбулантните возила ги префрлиле жртвите и повредените во блиската болница под силно обезбедување.
Ова е првиот напад насочен кон христијаните во Дамаск од падот на долгогодишниот сириски претседател Башар ал-Асад минатата година.