Меѓународна организација која обезбедува безбедност за странските невладини организации во тој дел на земјата соопшти дека две возила што се движеле меѓу градовите Ран и Гамбору Нгала налетале на експлозивната направа.
„Во експлозијата загинаа 26 лица, а три се ранети“, се наведува во соопштението.
Полицијата во државата Борно сѐ уште нема дадено официјален коментар.
Во регионот повеќе од 15 години дејствуваат исламистичките групи „Боко Харам“ и „Исламска држава – Провинција Западна Африка“, кои често користат своерачно направени експлозивни направи за напади врз цивили и безбедносни сили. /МИА

