Во несреќата се повредени уште неколку лица, кои се лекуваат, објави Асошиејтед Прес.
Се вели дека патниците се враќале од погреб кога се случила несреќата.
Абдулахи Калиф, комесар на округот Макуени, каде што се случила несреќата, изјавил дека бројот на жртви може да се зголеми.
Околностите околу несреќата сè уште не се јасни, објави АП, додавајќи дека пребрзото возење и лошите услови на патиштата претходно се наведуваат како фактори што придонесуваат за сообраќајните несреќи во Кенија.
Националниот орган за транспорт и безбедност на Кенија соопшти дека делот од патот каде што се случила несреќата е означен како „црна точка“ и дека веќе се дадени препораки за подобрување на безбедноста.
Пред три недели, 17 лица ги загубија животите во друга несреќа на истиот пат, кој го поврзува главниот град Најроби со крајбрежниот град Момбаса.
