„Бомбаш самоубиец го удрил своето возило полно со експлозив во конвој војници во покраината Хајбер Пахтунхва. 19 војници загинаа, а 16 цивили се повредени“, изјави локален функционер кој побара да не биде именуван.
Локален полициски функционер, кој исто така побара да не биде именуван, рече дека експлозијата ги урнала покривите на две куќи, при што биле повредени шест деца. Локална група поврзана со пакистанските талибанци ја презеде одговорноста за нападот. Тој беше извршен од нивната бригада бомбаши самоубијци.
Насилството во западен Пакистан ескалираше откако талибанците се вратија на власт во Кабул во летото 2021 година. Минатата година беше најсмртоносната во речиси една деценија. Повеќе од 1.600 луѓе беа убиени, од кои речиси половина беа војници и полицајци, според Центарот за безбедносни студии со седиште во Исламабад.