Најмалку 10 жртви во превртување на автобус во Мексико

26.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 10 жртви во превртување на автобус во Мексико

Несреќата се случила на 24 декември во попладневните часови по локално време во северниот дел на мексиканската сојузна држава Веракруз, наведува мексиканскиот портал „Миленио“.

Според првичните извештаи, возачот изгубил контрола врз автобусот, по што возилото се урнала во бездна длабока околу 200 метри и завршило превртено покрај река.

Секретаријатот за цивилна заштита соопшти дека државните служби ја координираат акцијата за спасување, а повредените се пренесени во блиските болници. Надлежните органи ја продолжуваат истрагата за причините за несреќата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата