Над 200 затвореници побегнаа од затвор во Пакистан по земјотрес во Карачи

3.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 200 затвореници побегнаа од затвор во Пакистан по земјотрес во Карачи

Затворениците, главно осудени за помали кривични дела, ги совладале чуварите и избегале од затворот Малир денеска, во раните утрински часови, изјави полицискиот службеник Кашиф Заман.

Околу 80 бегалци се повторно уапсени во близина на затворот по интервенција на полицијата и другите безбедносни сили, според Зиа Ланџар, министер за внатрешни работи на провинцијата Синд.

Полициски тимови продолжуваат со операцијата за пронаоѓање на останатите бегалци, изјави шефот на полицијата во Синд, Гулам Наби Мемон, по посетата на затворот. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата