Сирискиот центар за набљудување на човековите права соопшти дека во борбите загинале 85 припадници на протурските фракции и 16 борци на Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите.
Во изминатите два дена, во близина на градот Манбиџ, Турција ги интензивира воздушните и копнените напади, вклучително и со употреба на беспилотни летала, со цел да воспостави контрола врз стратешката брана „Тишрин“. Според мониторинг центарот со седиште во Велика Британија, турската армија го гранатира регионот околу браната, која е клучна за водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија.
Турција ги смета Сириските демократски сили за огранок на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и ги прогласи за терористичка организација./МИА