На протестите во Тбилиси приведени 224 лица

2.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На протестите во Тбилиси приведени 224 лица

Во соопштението се наведува дека се приведени три лица осомничени дека нападнале полицајци при вршење на службената должност и со палење предизвикале материјална штета и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

- Како резултат на незаконските и насилни дејствија на учесниците на синоќешниот собир повредени се 21 вработен во МВР. Некои жртви се здобиле со тешки телесни повреди на главата, лицето и телото. Во последните дејствија нарушено им е здравјето на вкупно 113 службеници на МВР, од кои четворица се уште се во медицински установи, се наведува во соопштението.

Грузиското МВР истакнува дека и покрај постојаните предупредувања, за време на протестот некои учесници ја оштетиле зградата на Парламентот и инфраструктурата лоцирани на авенијата Руставели./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата