На писта се судрија два авиони, полни со патници (ВИДЕО)

1.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На писта се судрија два авиони, полни со патници (ВИДЕО)

Според медиумите, еден од авионите бил на пистата на аеродромот во Сао Паоло и чекал да полета, кога во него удрил авионот кој штотуку слетал од Рио де Жанеиро. Несреќата се случила околу 17 часот по локално време, објави Дејли Меил.

Од аеродромот соопштија дека до инцидентот дошло поради механичка грешка со опремата, која била прикачена на авионот што се подготвувал за полетување.

Имено, на авионот била прикачена кука за влечење, која требало да го повлече авионот од паркинг позиција до позицијата „такси“.

Авиокомпанијата изјавила дека крилото на авионот што слетал удрило во нивниот Боинг 737 кој требало да полета, оставајќи огромна дупка во авионот.

„Патниците се симнаа безбедно, што е секогаш наш приоритет и беа префрлени во друг авион за да го продолжат своето патување“, соопштија од авиокомпанијата.

Другата авиокомпанија исто така објави дека нивните патници се безбедно евакуирани.

„Нагласуваме дека авионот се сервисира и дека истрагата за несреќата е во тек“, додаде другата авиокомпанија.

Поради несреќата откажани се два лета.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата