Исто така предвидено е наставниците кои се осудени за терористички дела или кои јавно изразуваат поддршка за терористички напади веднаш ќе добијат отказ.
„За“ предлог-законот гласаа вкупно 55 од 120 членови на Кнесетот, додека 45 беа „против“.
Во образложението на нацрт-законот се споменува „феномен кој главно ги погодува училиштата во Источен Ерусалим“. Израел го зазеде и подоцна го анектира источниот дел на Ерусалим, во кој доминираа Арапите, во 1967 година. Околу 20 проценти од 10-те милиони жители на Израел се Арапи.
Еврејско-арапската организација „Сикуј-Ауфок“ (Sikkuy-Aufoq), која се залага за еднаквост на сите граѓани во Израел, законот го опиша како „деструктивен“ чија цел е „прогон на учителите“. /МИА