Москва го отфрли предлогот на Трамп

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Москва го отфрли предлогот на Трамп

Москва сака САД да го земат предвид она што го гледаат како основни причини за конфликтот, изјави заменик министерот за надворешни работи на русија Сергеј Рјабков во интервју за неделникот „Интернешнл аферс “

„Не слушнавме од американскиот претседател Трамп никаков сигнал до Киев за запирање на војната. Сè што постои во моментов е обид да се најде некаква шема што ќе ни овозможи прво да постигнеме прекин на огнот, како што тоа го замислуваат Американците, и потоа да преминеме на некои други модели и шеми, во кои, колку што можеме да судиме, нема место за нашето главно барање денес, имено, решавање на проблемите поврзани со основните причини за овој конфликт. Ова е целосно отсутно, и тоа мора да се надмине. Моделите и решенијата предложени од Американците ги сфаќаме многу сериозно, но исто така не можеме да го прифатиме сето ова како што е“  – вели Рјабков во интервјуто.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата