ММФ: Светската економија ќе ја избегне рецесијата

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ММФ: Светската економија ќе ја избегне рецесијата

„Убедени сме дека светската економија минува низ фаза на меко приземјување, како што посакувавме, по циклус на силни зголемувања на каматните стапки, неспоредливи веќе неколку децении“, рече Георгиева на Самитот на светските влади во Дубаи.

Централните банки обично ја ограничуваат инфлацијата со зголемување на каматните стапки, во исто време внимавајќи да се осигурат дека застојаната побарувачка не ја турка економијата во рецесија, која се дефинира како „меко приземјување“. Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за 4,5 процентни поени, а економијата се движи на работ на рецесија.

Американската централна банка, исто така, ги зголеми каматните стапки и економијата падна во плитка рецесија во првата половина на 2022 година, со пад на активноста од 0,1 отсто на квартална основа, два квартали по ред. Од втората половина на 2022 година расте со темпо од 0,3 до 0,6 отсто.

Шефицата на ММФ очекува од средината на годината каматните стапки во водечките економии да започнат надолна траекторија, следејќи го трендот на инфлација.

Сепак, таа предупреди дека не се исклучуваат изненадувања, посочувајќи дека продолжената војна меѓу Израел и палестинскиот Хамас ќе има негативно влијание врз економската активност.

„Најмногу се плашам од долгорочен конфликт бидејќи значително би го зголемил ризикот од ширење на негативни последици“, истакна шефицата на ММФ.

„Во моментов постои опасност кризата да се прошири надвор од Суецкиот канал“, рече таа, мислејќи на кризата во Црвеното Море. Но, доколку се појават други непланирани последици, како што е ширењето на конфликтот во неочекуван правец, светот во целина може да се соочи со многу поголеми проблеми“, предупреди Георгиева.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата