ММФ најави дека има знаци на закрепнување, но предупреди дека е неопходно да се заврши процесот на реструктуирање на долгот и да се постигнат договори со официјалните доверители за долгот да стане одржлив, односно земјата да може да ги врати долговите без да се загрози економската стабилност , објави Ројтерс.
Во 2022 година Шри Ланка ја доживеа најтешката финансиска криза во последните 70 години, но оваа година се очекува економски раст од 4,4 отсто, што ќе биде прв раст во последните три години.